January 27, 2021 11:07
Македонија

Спасовски: Со системско превентивно делување да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Според министерот Спасовски, родово базираното насилство кое што, од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејно насилство, е предизвик со којшто сите модерни општества сериозно се занимаваат. Притоа, како што потенцираше министерот за внатрешни работи, од исклучителна важност е сеопфатниот мултисекторски пристап во решавањето на овој ни малку занемарувачки проблем, што е потврдено и од фактот што ова е тема која, особено последниве две декади, е високо поставена во агендата на активности на ООН, како суштествена во натамошното етаблирање и заштита на родовите права, особено на правата на жените.

„Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција. Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство“, посочи Спасовски, додавајќи дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ поради ризикот  проблемот да добие нагорни тенденции.

Министерот за внатрешни работи предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција, преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Според него, координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.

„Репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно делување, како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем и оваа кампања, што денеска стартува, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи министерот Спасовски во обраќањето на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

 

Watch Back Arrow Episode 1 at website https://animeflix.nl dragon ball z animeflix

Sword Art Online Alicization War of Underworld (Dub) Episode 12 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet fairy tail 2