November 23, 2020 20:48
Македонија

Спасовски со орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред

Министерот за внатрешни работи Оивер Спасовски денеска на својот фејсбук профил објави дека од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј примил орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред со ликот на пречесниот Претеча.

-Во годината кога манастирот „Свети Јован Бигорски” прославува 1000 години од своето постоење, ми претставува огромно задоволство од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј да го примам овој орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча” од I ред со ликот на пречесниот Претеча, објави Спасовски .

Тој на фејсбук пишува дека Бигорскиот манастир е наш спомен над времето и дека е гордост на сите нас и поттик да создаваме дела, вредности и добрини кои ќе останат и после нас и ќе ги инспирираат младите и следните генерации да продолжат по добриот пат.