Македонија

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со современите глобални безбедносни ризици

Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право – поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Истовремено, во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам, во секое општество сè поприсутен е и феноменот на радикализација, во кое слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи и го менуваат своето однесување, од политички активизам до примена на насилни средства и методи, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во излагањето на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Во онлајн вклучувањето на конференцијата што се одржа денеска во Виена, во организација на Шведска, како годишен претседавач со ОБСЕ, на тема „Зајакнување на сеопфатен пристап за спречување и борба со тероризам и насилен екстремизам и радикализација кои водат до тероризам во променливи околности”, Спасовски посочи дека градењето на ефикасни стратегии и политики нужно подразбира идентификување на условите во кои тие се јавуваат, како и начините на нивно манифестирање, согласно актуелните трендови.

-Како одговор на безбедносните ризици и предизвици, Република Северна Македонија постојано ги надоградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот со цел јакнење на меѓународната, регионалната а и националната безбедност, рече Спасовски.

Тој додаде дека за справување и превенирање на појавите на насилен екстремизам и тероризам се планираат и преземаат интензивни мерки и дејствија на национално ниво, преку координација на 22 различни институции во рамките на Националниот комитет за сузбивање на насилен екстремизам и радикализам и борба против тероризам, како и во рамките на МВР, односно Бирото за јавна безбедност, преку функционирањето на формираниот посебен Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во чиј состав функционира и Одделението за превенција.

Притоа, министерот за внатрешни работи посочи на тековни активности, почнувајќи од оние на локално и регионално ниво, организирани и реализирани од мултидисциплинарни тимови, потоа преку интензивна соработка на полицијата со локалните заедници, особено, како што рече, со специфични целни групи (младите, верските заедници, здруженијата на граѓани и.т.н), како и со иницирање и спроведување проекти засновани на интерактивност и мултидисциплинарен пристап кон поединци или ранливи групи, за кои според усвоените индикатори е констатирано дека се можна цел на индоктринација или регрутација.

-Во насока на справување со глобалните безбедносни предизвици, МВР преку своите надлежни служби активно партиципира и соработува со меѓународни организации и институции во размената на податоци од безбедносен интерес, за прашања кои ја засегаат европската безбедност, потенцираше министерот Спасовски, притоа нотирајќи ја меѓународната димензија на овие феномени, која што, како што рече, укажува дека ниедна држава не може сама да одговори на овие глобални безбедносни предизвици.

Оттаму, според Спасовски, ефикасната превенција и сузбивањето на појавните облици на овие феномени подразбираат координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците. Унапредувањето на овој вид соработка, рече, овозможува реално димензионирање на појавите и тенденциите на глобалните безбедносни феномени и благовремена реакција за нивно спротивставување.

-Во Република Северна Македонија е високо подигната свеста за потребата од мултидисциплинарен пристап и делување на локално, регионално и национално ниво при справување со насилниот екстремизам и радикализацијата, кои водат кон тероризам. Паралелно со овие активности, со промовирањето и развивањето на концептот „Едно општество за сите” и на политичко ниво се делува во насока на ублажување или целосно отстранување на условите погодни за развој на овие појави, нагласи министерот Спасовски на крајот од своето обраќањена конференцијата на ОБСЕ.

ANIMEFLIX animeflix aot: Watch My Hero Academia 2 Episode 4 (https://animeflix.nl/m/VPkM/ep-4)

WCOStream anime stream: Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 6