January 20, 2020 22:03
Македонија

Спасовски се вклучи во денешната акција за чистење

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се вклучи во акцијата за чистење на отпадот во околината на административната зграда на Министерството за внатрешни работи и Клиничкиот центар во општина Центар.

– Оваа акција е со цел да ја подигнеме јавната свест кај сите граѓани. Денеска не е само моментот дека ќе го исчистиме целото ѓубре, туку да направиме напори преку вакви акции да ги поттикнеме сите луѓе и да ја испратиме пораката за тоа колку е важно сите да ја штитиме животната средина. Немаме доволно висока јавна свест дека треба заедно да допринесеме кон подобра животна средина, изјави Спасовски.

Во денешната акција се вклучени околу 40 илјади вработени во јавниот сектор.

Нови вести

ФОН Универзитетот го најавува новиот Одбор за доверба, со кои организира симпозиум на тема „Образованието како фактор за мир и одржлив развој” по повод Меѓународниот ден на образованието

Filip

Oпштина Лозово ќе ја вработи Атиџе и ќе и го смени покривот на куќата

Filip

МТСП: Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на Министерството

Filip