April 11, 2021 11:53
Македонија

Спасовски не се чуствува одговорен: Во сите инсистуции има „кртови“ останати од „режимот“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција рече дека не чуствува одговорност за бегството на Сашо Мијалков, бидејќи не смета дека не направил се што било во негова надлежност.

Тој посочи дека ова треба да биде силен аларм до сите да се консолидира системот, бидејќи како што рече, доколку не се среди системот во РСМ и доколку имаме вакви сериозни пропусти, ќе имаме и други вакви настани.  

-Не чуствувам одговорност бидејќи ние како министерство, како што веќе објаснив преземавме се што е предвидено според нашите надлежности. Проблемот е во системот, кој не функционира и кој треба да е подобри во однос на утврување на притворот, кога и како и други прашања.Оставката нема да ги реши сама по себе проблемите па чија сака нека е. На тој  начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците наспроти институциите на системот. Да се знае точно за кои предмети, за какви предмети и под кои околности мора да се бараат мерките за притвор и токму врз основа на тоа да се дадат предлозите и понатаму да се носат, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Во однос на тоа  дали се сомнева дека постои крт во МВР, Спасовски рече дека се сомнева дека постои крт во било која од институциите кои долги години биле под режим.  

– Тука не можеме да кажеме со сигурност дали кој тоа го прави. Тоа треба да го покаже истрагата, меѓутоа има сомнежи дека е можно да има во сите институции, кои се надлежни и низ кои минуваат сите овие одлуки, писма и т.н. да има можност на протекување на информациите, изјави Спасовски.

Watch Fairy Tail (Dub) Episode 13 at AnimeFreak animes online

Dr. Stone: Stone Wars (https://gogoanime.be/m/X7kd) Episode 6 at GoGoAnime one punch man season 2 gogoanime