April 6, 2020 00:03
Македонија

Спасовски: Нема да дозволам некој да си игра со Уставот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика членовите од преодната Влада да ја извршуваат фунцкијата со интегритет, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, за време на расправата за разрешување на министерката Рашела Мизрахи. Тој нагласи дека нема да дозволи некој да си игра со Уставот.

„Несериозно е со Уставот да се играат играчки,кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно“ истакна Спасовски.

Тој посочи дека земјата има шанса да спроведе фер и демократски избори за да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа ги повика сите пратеници да дадат се за земјата да добие датум за почеток на преговори.

„Имаме историска одговорност за организирање избори какви што доликуваат на европска демократија. Апелирам до опзоцијата – одговорноста за спроведување беспрекорни избори е и Ваша, не само на парламентарното мнозинство. Вие побаравте, а мнозинството прифати да се формира преодна влада, а ако побаравте преодна влада за да правите хаос, ниту смее, ниту треба да ви се дозволи тоа. СДСМ и коалциијата покажаа како се организираат избори и како демократски се управува со државата. сега е време ВМРО да се одважи и охрабри, да ги прифати и спроведува демократските стандарди, времето на флоскули и калкулантство трееба да заврши“, порача Спасовски.