December 3, 2022 10:34
Македонија

Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе се обрати на првиот свечен академски час на Факултетот за безбедност во Скопје.

Факултетот за безбедност во Скопје одбележува 45 години од своето формирање.

На факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје денеска ќе бидат организирани први академски часови за симболично означување на почетокот на  студиската 2022/2023 година и добредојде на новата генерација студенти.