January 24, 2021 05:49
Македонија

Спасовски: На инфективната клиника е невидена пожртвуваност и посветеност за секој пациент

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговото прво појавување во јавноста по борбата со ковид 19 во Студио 10 на ТВ 24 рече дека одговорноста е најважна во борба со вирусот и почитување на мерките. Мора во секој момент да имаме на ум дека со тоа се помага и на здравствените работници, рече Спасовски.

-Размислував како и оваа битка да ја добијам и оваа битка е многу добро животно искуство и со таа помисла со позитивна мисла со помош на лекарите и поддршка од семејството во ниту еден момент не помислив на друго, освен да заврши битката и да се вратам на функцијата,  рече Спасовски.

Спасовски рече дека психолошкиот момент е најважен во борба со болеста и дека лекарите ја имаат најголемата заслуга во борбата против вирусот.

Јас бев на инфективната клиника овде во Скопје, тоа е една невидена пожртвуваност, една посветеност на пациентите на секој еден човек кој што е на инфективната клиника и мислам дека тоа заслужува една сериозна почит, затоа реков кога размислуваме околу вирусот, кога се споделуваат некакви теории на заговор за тоа дали постои вирусот или не, дали треба да се почитуваат мерките или не апелирам до секој еден граѓанин да размисли на секој еден лекар, на медицинска сестра и на секој еден од персоналот болничари итн, кои што секојдневно се борат за животот на секој граѓанин, на секој еден пациенти кој е на клиниката, рече Спасовски.

Во врска со акцискиот план, Спасовски рече дека кризната состојба се прогласува за да мое преку системот за управување на кризи да се стават сите дравни ресусри и ресурсите на трговските друштва, практивно сите ресурси на државата во борба со пандемијата. Одлуките кои значат  рестрикции не доаѓаат по автоматизам со прогласување на кризната состојба, владата носи одлу,ки врз основа на законот на заштита на населението и препораките од комисијата за заштита од заразни болести.

„Кризната состојба не значи дека во целост ќе се смени нормалниот живот на граѓаните, туку да ги искористиме сите капацитети и ресурси.“ – рече Спасовски.

Потенцираше дека денеска во 14 часот закажал управувачки комитет и на тој комитет ќе се разгледа акцискиот план кој го подготви главниот штаб со кој раководи директорот на ЦУК и во него ќе се наведат сите активности кои ќе бидат превземени. Армијата ќе работи заедно со полицијата.

„Врз основа на проценката што ќе се направи од главниот штаб, се прави акциски план во рок од 24 часа од прогласувањето на кризната состојба и сите активности кои треба да бидат преземени од било кој надлежен орган се става во тој план.“  рече Спасовски.

Wonder Egg Priority (https://animefreak.ws/m/N15w) Episode 2 at website https://animefreak.ws. See more anime freak new site

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song (https://gogoanime.be/m/Amn1) Episode Full - Cam at website https://gogoanime.be. See more haikyuu gogoanime