January 24, 2022 20:27
Македонија

Спасовски: Најдобро е Заев да остане и во владата и во партијата, тој е сврзно ткиво во СДСМ и во коалицијата

Владиниот кабинет функционира со истиот капацитет како претходно и тоа мора да биде така, во интерес на граѓаните. Овие турбуленции се нормални во демократскиот свет и мора да се бараат решенија. Се покрена прашање за доверба на Владата, зголемување на парламентарното мнозинство, но Владата во целиот период мора да функционира, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Во пресрет на утрешната седница на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, Спасовски рече дека ќе се разговара и за изборот на нов лидер на партијата откако ќе бидат разгледани претходните заклучоци.

 Ние  утре имаме седница на Извршниот и на Централен одбор и ќе разговараме за ова прашње. Да направиме се да се стабилизира парламент мнозинство. На државата не и се потребни турбуленции и побаравме претседателот на некој начин да ја стави во мирување оставката. Сега ќе видиме што е постигнато, што да се преземе во наредниот период. Ако се одлучи во партиските органи избор на нов лидер, тоа ќе се организира во наредниот период, вели Спасовски.

Во СДСМ постои процедура за избор на нов лидер и во него учестуваат сите членови на партијата и тоа како новина беше воведено пред краток период кога Заев беше реизбран на челната позиција во СДСМ.

– Не очекувам многу кандидати за лидер. Секако низ еден ваков демократски процес, кога секој член ќе одлучува кој ќе биде нов претседател на партијата, секој има право со свој концепт и своја визија да учествува на изборите за претседател, рече Спасовски, додавајќи дека тој во моментов не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ.

– Не размислувам во овој момент воопшто, дециден е Спасовски.

Доколку се избере нов лидер на СДСМ, тој ќе биде нов мандатар на Владата и тогаш ќе има и промени во извршната власт.

– Мора да настанат одредени промени во партијата и во Владата. Ќе одлучуваат коалиционите партнери и мандатарот за состав на владата кој ќе даде оценка за досегашното функционирање на Владата и ќе побара промени каде што е потребно. Најважно е одржувањето на Владата и резултати кои ќе бидат препоразнаени од граѓаните, вели Спасовски.

Според него најдобро решение и за партијата и за владата во моментов е Заев да остане на двете функции.

– Најдобро е Заев да биде тука, и во Владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт „едно општество за сите“ има потреба од Заев. Тој ги обединвуа структурите и во партијата и во коалцијата, дециден е министерот Спасовски.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Tokyo Revengers (Dub) Episode 15

ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 6

english anime My Hero Academia Season 2 (Dub)

One Piece Episode 999

ANIMEFLIX That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)