February 2, 2023 02:48
Македонија

Спасовски: Минатата година со заплена од рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин

-Со посебно задоволство ќе споменам дека во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 кг кокаин напиша Спасовски.

Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава.

-Зголемување за 6,52% бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022.

Продолжуваме со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.

#Транспарентно