August 8, 2022 17:58
Македонија

Спасовски – Лунгароти: Досегашна одличка соработка со ИОМ, наскоро министерска конференција за унапредување на капацитетите за справување со миграциските текови

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес оствари работна средба со Лаура Лунгароти, координатор на земјите од Западен Балкан и Шеф на мисија на Босна и Херцеговина на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) Соња Божиновска- Петрушевска, шеф на мисијата на ИОМ во Скопје и Горан Свилановиќ, консултант на ИОМ за регионот.

На средбата беше изразено големо задоволство од досегашната соработка со ИОМ и досегашните проекти кои се имплементираат во Република Северна Македонија.

Целта на средбата беше и координација за министерската конференција за одржливо управување со миграциите во регионот на Западен Балкан, која треба да се одржи во средината на ноември во Скопје. Целта на оваа конференција ќе биде да се опфатат сите теми кои ги засегаат земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои ќе земат учество и, воедно создавање подобра синергија помеѓу земјите за справување со

предизвиците околу миграцијата.

„Со Меѓународната организација за миграции изградивме повеќе од партнерска соработка за подобрување на капацитетите на земјата за справување со миграциските текови. Заедничката конференција во која ќе копретседаваме со Чешката Република, која тогаш ќе биде и претседавач со Европската Унија, а со која имаме извонредна билатерална соработка во областа на безбедноста, ќе биде можност за креирање на нови насоки во менаџирање на миграциските текови и илегалните миграции со однапред подготвени и прецизирани политики за справување со предизвиците “, потенцираше министерот Спасовски.

„Присуството на сите министри од регионот, заедно со ЕУ претставници ќе креира заедничка политика која ќе се преточи во заедничка декларација на крајот на конференцијата со нова визија за справување со миграциите со заеднички и координиран пристап на земјите учеснички”, истакна Лугнароти во своето излагање.

Учесниците на средбата се согласија дека одличната соработка продолжува и понатаму со цел заедничко координирање на земјата со регионот во менаџирање на миграциските текови и илегалната миграција.