January 16, 2022 19:39
Хроника

Спасовски: Кражба на струја може лесно да се открие ако се работи домаќински

Крадењето струја не е нешто што сега почнало да се случува и кражбата на струја постоело отсекогаш, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во „Утрински брифинг“, додавајќи дека тоа е опфатено со измените во членот 235-а од Кривичниот законик, кој ги содржи кражбата на електрична енергија, на топлинска енергија и на гас.

-Сите тие дела настануваат подари приклучоците на дистрибутивната мрежа без за тоа да дал овластување дистрибутерот. За 2021 година во Скопје имаме 41 кривично такво дело, со поднесени 40 пријави против 45 лица. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите, три кривични дела се извршени од четири лица со приклучување на компјутерска опрема за копање криптовалути, открива Спасовски.

Тој посочи дека ваквото дело, доколку е извршено во институција може лесно да се открие ако се работи домаќински.

-Секаде во рамки на одделите на МВР добиваме фактури за трошоци. До 2017 имавме огромни фактури за вода за зградите што се тука во МВР и тоа беше сомнително. Ангажиравме лица и најдовме дека имаме дотраени цевки и сега за неколкупати се намали фактурата. Доколку се пристапува одговорно ќе може да се примети дали имаме кражба на електирчна енергија. Најчесто тоа е неовластеното приклучување на броила, кога тешко се забележува делото, кажа Спасовски.

Прашан за сајбер криминалот, тој одговори дека тоа е сериозен предизвик од понов датум, кој нема да биде решен многу скоро, но дека владее и констатација во гоаблани рамки дека многу малку се посветувало внмание во однос на овој тип на криминалот.

-Изминативе години систематски и стратешки постапуваме, а имаме и посебен оддел што работи на сајбер криминалот. Имаме добра опрема, особено во форензика на системите, но недостасувааат луѓе. Сепак имаме добри резултати во откривањето на ваквите кривични дела, заклучи Спасовски.

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

Attack on Titan Season 2 Episode 9

anime website Dragon Ball (Dub)

sites to watch anime My Hero Academia (Dub)

BANANA FISH