August 12, 2022 01:50
Македонија

Спасовски и Маринов ќе делат едукативен материјал на ГП „Делчево – Лисичково” 

На граничниот премин „Делчево – Лисичково” денеска со делење на едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата” ќе се одржи превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.

На заедничката превентивна активност ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот бугарски колега Младен Маринов.