September 26, 2022 02:02
Македонија

Спасовски: Издадени 15.978 патни исправи на наши граѓани во странство

Издадени 15.978 патни исправи на наши граѓани во странство и зголемен број барања за издавање на лични документи во 2022 споредбено со претходните години – само во текот на јуни, јули и август годинава поднесени се вкупно 91.138 барања за издавање на лична карта и 148.115 барања за издавање на патни исправи изјави Спасовски.
Евидентна е големата разлика од бројот на барања поднесени во 2017, 2018, 2019.
▶️Во 2017 (јуни,јули и август) се поднесени вкупно 40.110 барања за издавање на лична карта и 103.347 барања за издавање на патни исправи.
▶️Во 2018 (јуни,јули и август) се поднесени вкупно 58.977 барања за издавање на лична карта и 107.126 барања за издавање на патни исправи.
▶️Во 2019 (јуни,јули и август) се поднесени вкупно 60.244 барања за издавање на лична карта и 124.263 барања за издавање на патни исправи.
Големата разлика на бројот на поднесени барања во 2017, 2018, 2019 во споредба со тековната 2022 се должи на поставувањето на новите базни и мобилни станици во странство, во амбасадите и генералните конзулати, почнувајќи од 01.10.2021 година, и до 20.09.2022 година на 15.978 наши граѓани им помогнавме во издавањето на патни исправи.
Со проектот за базни и мобилни станици го решивме деценискиот проблем на нашите граѓани од дијаспората – услугата за издавање патни исправи се олеснува и скратува, а се избегнуваат и гужвите на шалтерите на Управните служби.
Исто така, со дигиталната трансформација на процесите на МВР, граѓаните имаат можност да закажат термин за сликање за лични документи преку termin.mvr.gov.mk или uslugi.gov.mk.
Грижата за секој еден наш граѓанин продолжува, согласно нашето мото – МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ.