February 2, 2023 03:09
Македонија

Спасовски: За 44,7 отсто помалку прекршувања на јавниот ред и мир во однос на 2021 година

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

-На средбата со раководството на СВР Скопје, бев информиран за задоволителната безбедносна состојба на подрачјето на СВР Скопје, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои ги презема Секторот, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста во градот и заштита на граѓаните.
Во однос на состојбата со јавниот ред и мир, во 2022 година, споредбено со деветте месеци од претходната година, евидентирано е намалување на овој вид прекршоци за 44,7%, особено во делот на физичките напади и предизвикување или поттикнување тепачка
Драстично подобрување на статистиките на подрачјето на СВР Скопје се бележи и во поглед на сообраќајот, односно сообраќајните незгоди и последиците од нив.