November 19, 2019 03:55
Македонија

Спасовски за ,,Канал 5”: Камерите низ градот ги користела УБК

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откри за јавноста дека камерите поставени на крстосниците, до 2017 година го користела УБК за видео надзор, а не за казнување на сообраќајни прекршоци.

-Стотиците камери низ градот Скопје воопшто не служат за санкционирање на несовесните возачи како што тврдеше поранешната власт, туку до 2017 година се употребуваа исклучиво од Управата за безбедност и контраразузнавање, а не од Јавната безбедност. Потоа создадовме правна рамка, и сега системот е под контрола на Јавната безбедност, сепак тој систем треба да се надогради. Мојата цел и заложба е да направиме сериозен систем, којшто ќе вклучува и камери за сообраќајни прекршоци, на тој  начин ќе го избегнеме човечкиот фактор, селективноста, секој ќе знае дека треба да си ја плати казната  – откри во „Само Интервју“ на телевизија „Канал 5“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Нови вести

Алексовски призна дека лобирал за судии под директива на ВМРО-ДПМНЕ

Filip

Камчев нуди дуќан во центарот на Скопје и фабрика во Делчево да му го вратат пасошот

Filip

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Filip