December 9, 2022 23:48
Македонија

Спасовски: Жртвата на бранителите е завет во херојското делување на секој припадник на безбедносните институции

Денеска, (24.09.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи, во малата сала Борис Трајковски, го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители Херои на Македонија”.

Министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи оддаде почит на загинатите припадници од редовите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, кон нивните семејства и кон нивната непроценлива херојска жртва, вткаена во темелите на нашата татковина.

Тука сме и да испратиме јасна порака дека нивната жртва, не само што ќе остане во колективната меморија на нашата држава и државност, туку е и ќе биде пример, своевиден завет во професионалното делување на секој припадник на безбедносните институции на нашата држава”, порача министерот Спасовскинагласувајќи дека меморијалниот и традиционален спортски фудбалски турнир „Херои на Македонија” посветен, пред сѐ, на споменот на загинатите колеги, има возвишена хумана цел – преку зближувањето, преку средбите и преку спортскиот карактер, да го направи сеќавањето на хероите трајно, бесмртно.

На крајот од своето обраќање министерот Спасовски ја изрази својата длабока почит кон семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и кон меморијалната манифестација, а на натпреварувачите на завршниот турнир им посака успех и победа на најдобриот.