January 28, 2022 06:54
Македонија

Спасовски домаќин на 22. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа

Денеска министерот за внатрешни работи  Оливер  Спасовски  е домаќин на 22. Состанок на Комитетот  на  Министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа  во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија на кој учествуваат Високи претставници на договорните страни на Конвенцијата, претставници од  меѓународни и регионални организации и европски агенции како  и  почесната  гостинка на Конвенцијата министерката за внатрешни работи на Република Италија, г-ѓа Лучана Ламорџезе со која министерот Оливер Спасовски во текот на денот ќе оствари и посебна билатерална средба.

,,Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија цврсто стои зад приказната за полициска соработка наречена Конвенција за полициска соработка на Југоисточна Европа која и до денес дава конкретни резултати и нуди перспектива за натамошен развој на стратешката и оперативната соработка во сите земји кои се дел од оваа платформа. Свесни сме дека е таа одлична основа за размена на информации и моќна алатка применлива во сите сегменти на полициското работење, превентивно, репресивно и во сите нивоа – стратешко, тактичко и оперативно, значително придонесувајќи кон јакнење на капацитетите и кон нивното професионално доусовршување. Уште на самиот почеток од преземањето на претседавањето со КПСЈИЕ ги зацртавме нашите приоритети кои следеа како природна хронологија на тековните активности во рамки на Конвенцијата. Ќе ги издвојам активностите кои се реализираат во однос на измена на т.н. Мини Прум Договор, едната за измени на одредбата од Договорот која се однесува на пристапување на нови членки на Конвенцијата кон Договорот за автоматизирана размена на податоци и втората за потпишувањето на ‘Протоколот за изменување и дополнување на овој Договор’ кое дел од нас ќе го реализираат на маргините на овој Комитет на Министри”, рече во своето поздравно обраќање министерот Спасовски.

Свои поздравни обраќања  на   22. Состанок на Комитетот  на  Министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа имаа и Лучана ЛаморџезеМинистер за внатрешни работи на Република Италија и Оливер Вархеји, Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување  преку видео порака.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Bleach Episode 363

english anime Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!!

The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub] Episode 7

GoGoAnime Mother of the Goddess’ Dormitory Episode 4 - Uncen

DARLING in the FRANXX Episode 23