February 28, 2020 08:42
Македонија

Спасовски го прими комесарот Вархеји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го прими еврокомесарот за соседска политика и за проширување Оливер Вархеји, кој денеска е во еднодневна работна посета на нашата земја придружуван од делегација на Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија на Европската Комисија.

 

Премиерот Спасовски, придружуван од делегацијата на Владата на Северна Македонија ја пречека делегацијата од Брисел, по што Претседателот на Владата Спасовски и еврокомесарот Вархеји одржаа тет-а-тет средба.

 

Според агендата на работната посета на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, во Владата на Република Северна Македонија се одржа и билатерална средба на двете делегации со учество претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за надворешни работи  Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, и министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.