August 2, 2021 21:36
Македонија

Спасовски во Тетово: СДСМ ги бира најдобрите кадрови решенија, остануваме оригинални и доследни во нашата визија

Постојаниот контакт преку непосредни директни средби со граѓаните претставува континуитет во пристапот и работењето на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Во таа насока е и караванот со низа теренки активности Најдоброто за нашата општина, во чијшто рамки денеска потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски присуствуваше на маалска средба со граѓани во Тетово.
“Драго ми е што денеска сум тука во Тетово, еден од градовите носители на концептот “Едно општество за сите”. Концепт кој заедно го градевме и тогаш кога другите не веруваа, концепт кој говори и потврди дека  СДСМ е партија отворена и достапна за сите граѓани. Партија која обединува, сполотува и е двигател на позитивните промени и исчекори на нашата држава. Различностите не спојуваат и ни ја даваат силата да движиме напред, ја прават СДСМ единствената политичка опција која нуди подеднаква грижа за секој граѓанин, за секоја општина, за секој град.  Се другото е копија, ние остануваме оригинални во нашата визија. СДСМ го слуша гласот на народот и затоa сме тука да ве слушнеме вас тетовчани. Заедно да напаравиме кратка рекапитулација за тоа што СДСМ и владата предводена од СДСМ поддржана од граѓаните реализираше во изминативе четири години како на локално така и на централно ниво, но и да поразговараме за потребите на тетовчани, за нови проекти со кој ќе ја исполниме нашата програма и понуда на предстојните локални избори наесен”. истакна Спасовски пред присутните граѓани на маалската средба.
Во продолжение на средбата тој  наброја  дел од инвестициите и проектите од интерес за тетовските жители –”Во однос на Тетово ќе споменам дел од проектите кои ги реализиравме како: Реконструкција на државен пат, делница Тетово- Џепчиште, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, со должина од 18км, со што овозможивме не само на тетовчани, туку и на сите останати побрз и побезбеден пристап до нашиот најпознат зимско рекреативен центар Попова Шапка. Во тек е изградба и на дел од булевар Видое Смилевски Бато. За развој на локална  патна мрежа обезбедивме грант  од Светска банка за периодот од 2021 до 2024 година. По долги години Тетово повторно добива јавен градски превоз,набавката на 5 автобуси за јавен транспорт  ја реализиравме преку Проектот МСИП 2 и истата е со вредност од над 44 милиони денари.Изградивме филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, а преку ИПА програмата ќе почне изградбата на секундарна пречистителна станица со капацитет за 95.000 жители.Во тек е изградба на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар, од кој што се завршени околу 65 %,  односно 88 км, инвестиција вредна 29 милиони евра. Од програмата за  рамномерен регионален развој финансиравме проекти за развој за општина Тетово како изработка на физибилити студија за избор на локација за собирен и откупен центар за овошје и зеленчук за Шарпланинските села. Во финална фаза е и изградбата на затворениот базен, прв во Тетово. Извршени се и реконструкции на повеќе градинки и училишта во Тетово и тетовско преку кои овожможуваме услови за квалитетен раст и развој за децата и учениците.  Инвестиравме и во културата, оваа година за реконструкција на покрив и опрема на Центар за култура Илија Антевски Смок обезбедивме 1.250.000,00 денари, како и средства за  санација и опрема на Музеј на тетовски крај. Тоа е СДСМ, партија за која говорат делата. Партија која знае и може да го понуди најдоброто.” порача потпретседателот Спасовски.
Како и досега така и за престојните локални избори СДСМ ќе излезе со најдобра кадровска и програмска понуда, чесно, транспарентно и отворено затоа што нашите граѓани, нашите општини го заслужуваат најдоброто.

4Anime Watch anime online, English anime online HD. Watch Sekai Meisaku Douwa: Mori wa Ikiteiru Episode Full

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD. Yuuki Yuuna wa Yuusha de Aru: Washio Sumi no Shou 2 - Tamashii Episode Full

GogoAnime Watch anime online, English anime online - Gogoanime. Taiko no Tatsujin: 15 Shuunenkinen Short Animation Episode Full

KissAnime APP Roll20: https://app.roll20.net/users/9167461/kissanimemx