October 26, 2021 01:34
Македонија

Спасовски: Благосостојбата и напредокот на граѓаните нераскинливо поврзани со безбедносната состојба

Република Северна Македонија најбезбедна држава на Западен Балкан, од 71 место за неколку години државата сега е на 40 место во светот. Цврсто сум уверен дека напредокот на Република Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба.

Ова предмалку го објави на својот официјален Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Денес, професионалноста и посветеноста се водилка во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните. Резултатите се гледаат и од истражувањата односно анкетите, но и од статистиките кои покажуваат намалување на криминалитетот, напиша Спасовски.

На Фејсбук министерот Спасовски пишува дека продолжуваат понатаму со несмалено темпо, во служба на граѓаните.

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Lupin III: World's Most Wanted animedao Episode Full animedao kissanime tv

Website https://animekisa.in: Watch Future Card Buddyfight Hundred animekisa Episode 50 dubbed anime

Kowarekake no Orgel Episode Full

Instapaper: https://www.instapaper.com/p/gogoanimebe

Metooo: https://www.metooo.com/u/animeflixnl