January 27, 2022 06:50
Македонија

Спасовски: Автобусот бил технички исправен, се самозапалил по првиот удар

Автобусот на „Беса транс” во 2020 година во 22 случаја има остварено влез – излез од државата, додека во 2021 година има 113 преминувања на државната граница. Овој автобус првпат е регистриран во Скопје на 15.10.2020 година, во сопственост на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ, последниот технички преглед е направен на 05.10.2021, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што истакна Спасовски попладнево на прес-конференција во Владата, согласно резултатот за измерени вредности од техничкиот преглед направен од страна на стручните лица во овластеното правно лице за вршење технички преглед на возила, нема отстапки кои укажуваат на неисправност на возилото и нема забелешки.

– Важноста на регистрацијата е до 13.10.2022, а возилото е произведено во 2007 година. Во 2020 година против „Беса Транс” се поднесени кривични пријави за четири утврдени неправилности околу непочитување на КОВИД-протоколите за превоз на патници, а во 2021 повторно четири исти неправилности, заокружени со Барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови.

Во однос на најновите информации кои стигнале до МВР од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, Спасовски информира дека е обезбеден биолошки материјал од роднини на 44 патници, а добиените ДНК профили се предадени во нашето обвинителство на државниот обвинител Јовески. Овој материјал ќе биде предаден на надлежните служби во Бугарија, кои ќе прават поврзувања (мечување) по роднински врски со пронајдените останки, а биолошки материјал за 45-тиот патник е обезбеден во Софија.

Министерот се осврна и деталите во врска со несреќата. Рече дека на 23 ноември 2021 година тим на МВР присуствувал на самото место на сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А-3, делница Софија – Дупница во Република Бугарија.

– Во несреќата учествуваше автобус марка „Меrcedes Benz” со регистарски број SK 0284 BA, сопственост на правното лице „Беса транс” со седиште во село Рашче, Општина Сарај. Она што го дозна тимот на местото на несреќата е дека предметниот автобус, кој се движел на релација од Турција кон Северна Македонија, на местото викано Кулата’ на автопатот А3, удрил во банкината и еластичната ограда од десната страна која го раздвојува постојното одморалиште покрај автопатот, при што возачот изгубил контрола на возилото и притоа дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото, истакна Спасовски.

Со автобусот се превезувале 52 патника, а од настанатата сообраќајна незгода и пожарот настрадале 45 лица, (податок, истакна министерот, што го потврдило и Бугарското обвинителство), додека седум лица успеале да го напуштат автобусот и потоа биле пренесени во клиниката УМБАЛСМ „Пирогов” во Софија.

– Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршеше од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија. Од страна на обвинителот нашиот тим беше запознат за преземените дејствија од нивна страна при вршењето на увидот и активностите при подигањето и документирањето на лицата кои настрадале во незгодата. Потоа, тимот во клиниката УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов” во Софија, се информираше за здравствената состојба на повредените, при што изврши неформален разговор со едно лице со лесна клиничка слика, а од извршениот разговор тимот беше подетално запознаен со неговото видување за случувањето и текот на сообраќајната незгода, како и за преземените дејствија од негова страна кои овозможиле покрај него, од автобусот да се извлечат уште шест лица, рече Спасовски.

Според него, потребата за соработка што ја побарала бугарската страна, била повеќе околу обезбедување лични документи и останата документација.

– Би сакал да расчистам една дилема околу надлежностите. Полицијата прави контрола на документите кои лицата и возилата е потребно да ги имаат при преминување на државната граница, односно патни исправи и лични карти за патниците, а за возилата припадниците на МВР ги контролираат сообраќајната дозвола и зелениот картон. Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежно да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на граничните премини. Тоа е во надлежност на Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт, подвлече Спасовски.

На прес-конференцијата во Владата се и министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој информираше за пренесувањето на повредените и на посмртните останки на настраданите, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

watch subbed anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

anime to watch 4Anime My Hero Academia Season 2

watch anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

4Anime Your Lie in April Episode 18

anime stream 4Anime Naruto: Shippuden (Dub)

Attack on Titan Final Season Episode 13