October 13, 2019 01:18
Македонија

Спасена птица од загрозен вид во Малешевијата

 Белоглав мршојадец кој е птица од загрозен вид во Малешевијата е спасен од повреда од страна на хумани граѓани. Птицата откако била пријавена, како што информираат од здружението „Проанима”, ја примил ветеринарен инспектор од Берово, кој констатирал повреда во делот на крилјата.
-Птицата не можела да лета, поради удари од камења. Била сместена во сигурна просторија на Шумското претпријатие во обезбеден кафез со храна и вода. Поради тоа што немавме искуства со птици, откако бевме известени за случајот, решивме да побараме помош од Македонското еколошко друштво, информираат од „Проанима”.
Со поддршка на Македонското еколошко друштво, започнала акција за превземање на птицата од страна на Ветеринарен факултет од Скопје каде во моментот се наоѓа белоглавиот мршојадец.
-Во акцијата за обезбедување транспортно возило, ни помогнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди”. Белоглавиот мршојадец, потоа беше превземен од Македонското еколошко друштво и однесен директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултати од рентген и крв, ќе се знае колку време би траела терапијата, за да биде целосно излечен и вратен во природа, велат од здружението „Проанима” од Берово.
Белоглавиот мршојадец е вистинска реткост во Малешевијата. Според податоците на Македонското еколошко друштво, овој вид на птичја фауна, најмногу е застапен во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.

Нови вести

ФОТО: Младите од БЕСА сечеа лента со маски на функционери од ДУИ

Filip

Заев во одговор на прашање: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Filip

Димитриевски: На прав пат сме – работиме да го направиме Куманово успешна приказна

Filip