December 5, 2022 22:59
Спорт

Спалети: Елмас е феномен и може да игра на која сакате позиција во тимот

Новиот тренер на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Лучијано Спалети ја започна својата епизода во Неапол. Првите впечатоци на кормиларот на наполитанците се со пофални зборови за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Ова мислење Спалети го изнесе на отворениот ден со навивачите кога одговораше на нивните прашања. Еден од симпатизерите на Наполи го праша Спалети за карактеристиките на Елмас и како гледа на него во новата сезона со оглед дека младиот и талентиран фудбалер кај неговиот претходнид Џенаро Гатузо не добиваше премногу минутажа да покже што знаее и умее на теренот.

– -На Елмас не можете да му ги разберете сите карактеристики затоа што ги има премногу. Него можете да го користите на која саката позиција во тимот. Тој е фудалер кој почнува се и може да одигра каде и да го ставите. Имаме феномен, за мене Елиф е важен играч и го гледам во тимот кој ќе настапува сезонава. Мое мислење е дека најдобро е да игра како офанзивен фудбалер за врска затоа што секогаш е поврзан со топката, изјави Спалети.