April 20, 2021 04:33
Балкан

Со BMW влетал во наплатна кабина од патарина и го усмртил работникот на автопатот Загреб – Сисак

Работник на Хрватски автопати настрада утрово во сообраќајна незгода на наплатна куќичка на автопатот Загреб-Сисак.

Полицијата потврди дека возачот изгубил контрола над возилото и удрил во наплатната куќичка во која се наоѓал работникот.

Фотографиите од несреќата прикажуваат голема дупка која настанала кога автомобилор се забил во ѕидот. Возачот е префрлен во болница.

„Возилото се забило во наш објект. Тоа не зачуди со оглед на тоа дека лентата до објектот е затоврена за соообраќај токму заради такви ситуации откако автопатот е отворен за Сисак поради хуманитарната помош. Човекот загина и не знам што друго да кажам, во тек е увид и ќе се утврдат околностит“, вели Иван Рибичиќ, директор на секторот за наплата на втопатите.

Нивниот 53-годишен колега го затекнале без знаци на живот.

Веројатно се работи за ненормална брзина со оглед на сите знаци што ги поставивме. Апсолутно непочитување на се и за жал се случи ова. Не знаеме во овој момент, дали возачот заспал“, додава тој.

Хрватските медиуми пренесоа дека возачот на автомобилот е позитивен на Ковид-19.

Се јавил и неговиот татко, кој вели дека м рекол да не вози ако е пијан.

„Споев кога заминал. Се слушанвме синоќа и ми рече дека бил на некоја забава во Лекеник. И ние таму живееме. Му реков: Ако си пиел, немој да возиш! Но, ете, не ме послуша.  Веројатно одел до Загреб, не знам сега. Инаку, не го зема возилото без да ми каже.  Кога се возиме заедно го местиме темпоматот на дозволена брзина.  Не знам дали имал опомени за пречекорување на брзина. Чекам тука во болница ми рекоа дек аима отворени скршеници на нозете кај колената, скршено му е и стапалото, има повреди на главата“, вели таткото.

Порачал да му изразат сочувство на семејството на загинатиот, кој вели, е на негова возраст.

AnimeFreak anime freaks: Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview 02

AnimeTV good anime tv shows: Watch Fairy Tail Episode 63