June 24, 2021 19:45
Спорт

Со среќа Македонијо !

Македонската фудбалска експедиција утрово ја напушти базата хотелот „Хилтон“ и од скопскиот аеродромот со чартер-лет (10.30 ч.) ќе се упати во Букурешт каде ќе го чека премиерниот настап на завршницата од Европското првенство.

Фудбалската експедиција пред заминувњето за Букурешт успешно ја мина првата контрола за безгрижен пат. Сите направени тестови за коронавирусот на фудбалерите и членовите на експедицијата се негативни. Селекторот Игор Ангеловски – Мрме ќе ја поведе експедицијата во полн состав со сите 26 повикани кандидати за составот на најдобриот државен тим. Подогтовките во Скопје поради позитивне тест при самото пристигнување ги прескокна само Енис Барди од шпанскиот Леванте, кој на соиграчите им се приклучи на последниот тренинг по добиениот негативен тест откако го мина периодот за изолација.

Избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги искорстат за аклиматизација во романската престолнина  каде ќе ги одиграат првите два натпревара од групата Ц на првенството кое за првпат ќе се одржи во 11 градови ширум стариот континент.

„Црвено-жолтите” во Букурешт на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам на 21 јуни.

Со самиот пласман на ЕП македонските фудбалери испишаа историски успех, а на квалифиакциските натпревари за СП-2022 и подготвителните мечеви за континеталниот собир покажаа дека можат да приредат изненадување и да отидат чекор понатаму од настапите во групната фаза.

Со среќа Македонијо !

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE. A Rhapsody Called Lucy -The Very First Song- Episode Full

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. Ao Haru Ride OVA Episode 2

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Sword Art Online Alternative: Gun Gale Online (Dub) Episode 12