September 25, 2021 05:02
Македонија

Со СДСМ платите растат многу побрзо, ВМРО-ДПМНЕ знае само да се расфрла со празни ветувања

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која само ги манипулира граѓаните со празни ветувања, СДСМ со своите конкретни и ефикасни политики реализира значителен раст на платите.
ВМРО-ДПМНЕ на ланските парламентарни избори во својата програма ветуваше раст на платите за 25% за еден мандат, а денес една година подоцна, ветува просечна плата од 45.000 денари, иако сите знаат дека во време на владеење на оваа партија платите беа речиси замрзнати со години.
Сите податоци говорат дека со СДСМ платите растат многу побрзо. СДСМ со своите прецизно утврдени мерки за поддршка на економијата обезбеди и во време на една од најголемите здравствени и економски кризи во историјата на човештвото, просечната плата во периодот од август 2020 до мај 2021 да се зголеми е за 4,3% повеќе.
Денес, просечната плата е речиси 5.000 денари повисока во однос на 2017 година.
Граѓаните знаат дека СДСМ работи посветено за зголемување на животниот стандард, за враќање на парите кај граѓаните, за раст на платите во сите сектори, и добро се сеќаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минималната плата, против помошта да завршува кај граѓаните за време на кризата.
Граѓаните не им веруваат на истите тие луѓе кои 11 години ја држеа државата во режим, владееја со криминал и корупција, а  парите на граѓаните ги користеа за лично богатење.

Website https://animefreak.ws: Watch Dream Hunter Rem animefreak Episode 3 dubbed anime

GoGoAnime: Selector Infected WIXOSS: Midoriko-san to Piruruku-tan anime episode 3 online free at https://gogoanime.be gogoanime softonic

Website https://wcostream.cc: Watch Yume-iro Pâtissière SP Professional wcostream Episode 13 close enough wcostream

Website https://animepahe.cc: Watch Nana to Kaoru animepahe Episode Full watch anime online

Linktr: https://linktr.ee/gogoanimebe

Talkstats: http://www.talkstats.com/members/animefreakws.131229/#about