January 27, 2021 17:08
Македонија

Со СДСМ на власт Македонија само тоне, за тоа ќе следи одговорност

Без никаков срам СДСМ продолжуваат да се фалат дека работат за подобра економија и развој и унапредување во инфраструктурата кога граѓаните не видоа ништо од тоа.

Падот на економијата е еден од најголемите во Европа, над 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден.

Се фалат за капитални инвестиции кога пред само неколку дена една од водечките компании во градежништвото во Македонија најави дека својата дејност ќе ја пресели во соседните земји, оценувајќи ја ситуацијата кај нас како неповолна за вложување.

Се фалат за изградба на патишта низ целата државата кога во нивниот мандат не направија еден километар пат и не беа способни да ги продолжат проектите кои претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ им ги остави.

Република Македонија неколку години наназад е земја без просперитет и перспектива и сето тоа е поради неспособноста на СДСМ и Заев. Граѓаните секојдневно остануваат без работа, младите бараат излез и спас во земјите низ Европа и светот, но за Зоран Заев тоа е само показател дека Македонија блеска.

Fire Force Season 2 Episode 24 at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven au

Watch Scum's Wish Episode 3 (https://funimationfree.com/m/Zyr6/ep-3) at website https://funimationfree.com funimation streaming service