March 3, 2021 21:32
Економија

Со првата мерка од Пакетот 5 компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали

На вчерашната, 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Со одлуката за укинувањето на увозните давачки која ќе стапи на сила на 1 февруари, компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во метало-преработувачката индустрија.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои за увоз на суровини и репроматеријали во 2019 година платиле вкупно 162,4 милиони евра.

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime: Tales - Veldora's Journal (Dub) Episode Full at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime online

Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. (https://animeheaven.pro/m/JdAo) Episode Preview at website https://animeheaven.pro. See more hunter x hunter anime heaven