February 2, 2023 22:38
Македонија

Со огромни прашалници активисти запрашаа „Ќе се дише ли зимава“?

Креативни скулптури со прашањето „Ќе се дише ли зимава“ денес беа поставени на плоштад „Македонија“ и пред ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, во рамки на герила акција на Младинскиот образовен форум (МОФ).

Преку ваквата иницијатива, организацијата има за цел да ја подигне свеста на институциите во однос на сите прашања поврзани со животната средина. Истовремено, и да побуди критичко размислување за одговорностите на одредени носители на одлуки и преземањето конкретни мерки и чекори за совладување на овие клучни проблеми кои ги засегаат сите.

Според стратешката програма на владата за намалување на аерозагадувањето, односно планот за чист воздух од периодот 2019-2020, за прв пат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. За оваа намена беа обезбедени дополнителни 1.5 милиони евра. Згора на се, оваа програма имаше план да го намали аерозагадувањето во Скопје до 50%, додека во другите градови коишто се засегнати повеќе од некои други, намалувањето е помеѓу 30% и 50%. Начинот на финансирање на активностите беше со почетен посебен фонд од 1.5 милиони евра и овие средства се дополнителни, покрај оние што постојат за различни активности на различни министерства поврзани со заштита на животната средина во висина од 20 милиони евра.

Идејата за герила акцијата, фокусирана на аерозагадувањето и проблемот со воздухот во градот беше поттикнат од младите активисти од средношколските клубови на МОФ.

Иницијативата е дел од проектот „Креативна младинска акција за животна средина“. Содржината е единствена одговорност на авторот и не нужно ги изразува ставовите на Фондација Отворено општество – Македонија.

Поврзани вести

Арсовска се бори против загадувањето исто како што го накити Скопје – многу најава, малку реализација

blink

Скопје како град на духовите, повторно е најзагадено место во светот

Igor

Колариќ: 1,5 милион евра за загадувањето, а 4 милиони евра за 700 партиски војници

Igor