January 17, 2021 22:12
Македонија

Со Николов короната може само да продолжи уште полошо и уште повеќе

Соопштение до јавноста реакција на соопштението на СДСМ

„Во време на пандемија кога Република Македонија секојдневно брои жртви од корона вирусот, СДСМ и Сашко Николов се насочени на предвремените локални избори во Штип, немајќи ни малку чувство и емпатија кон сограѓаните додека целиот народ се бори да преживее.

Сашко Николов наместо да облече бел мантил и да биде во првите редови секојдневно во борбата со пандемијата, тој размислува само како да се смести во градоначалничката фотеља, со цел да ја продолжи серијата криминали од страна на СДСМ.

Со самото учество на предвремените локални избори во Штип, СДСМ покажува незаинтересираност во однос на моменталната здравствена ситуација во Република Македонија, односно големи средства од буџетот свесно ги трошат за организирање на изборите. На Штип не му треба нов градоначалник за само осум месеци, поради тоа што веќе наредната година следуваат редовните локални избори, туку на Штип му требаат нови амбулантни возила, јавни здравствени капацитети и респиратори, кои ќе бидат од помош на граѓаните.

Во вакво време невреме, човечки е да се помогне на сограѓаните кога веќе главната дејност на Сашко Николов е медицината, наместо да дели флаери за неговата градоначалничка кандидатура.

Во Република Македонија речиси на секој еден час умира по еден човек. Тоа е страшен и поразителен факт за државата и сите капацитети мора да бидат насочени кон решавање на сите проблеми во јавното здравство и заеднички да се избориме со оваа пандемија.

Додека СДСМ се спрема за локални избори и за ново устоличување на еден од играчите на Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се бори за здравјето на граѓаните.