November 18, 2019 23:42
Македонија

Со „најк“ од Бит Пазар не се оди преку граница

Внимајте кога патувате во странство, посебно внимавајте ако сте облечени во брендирана фејк гардероба или пак носите некоја фалсификувана ташна или колан. Купување и внесувањето на овие работи во некои европски држави може да ве одведе право во затвор. Ако сте среќлија може да заработите само казна, но верувајте ти се драконски и се движат од 500 до дури 100.000 евра.

За време на престојот на одмор може да бидете во искушение и на плажа да купат евтини примерок од светски познатиот бренд како сувенир. Меѓутоа, во некои земји, купувањето на такви производи е спротивно на законот. Други пак не дозволуваат ниту внесување на фалсификувана роба иако ви е дел од личниот багаж.  Според Европскиот центар за широка потрошувачка не сите земји во Европа, се должни да ги имаат истите законот за фалсификувањето на стока. Во некои земји, како што се Шпанија, Грција и Германија, е дозволено да купуваат и продаваат копии на познати светски брендови. Меѓутоа во многу повеќе земји фалсификувањето може да ве олесни за илјадници евра . Еве дел од земјите со огромни казни ако сте фатени со копија.

-Во Белгија туристите кои доаѓаат во оваа земја и носат евтини копии, ќе треба да платат парична казна од 500 евра до 100.000 евра. Листата на копии вклучуваи  незаконски добиени филмови.

-Во Австрија оние што купуваат копии преку Интернет се безбедни во оваа земја. Но, ако се обидете да внесете копија во оваа земја, ве чека парична казна од 15.000 евра.

Во Ирска пак според регулативите на ЕЦЦ, ако некој влегува во оваа држава со било која копија е сметан за криминалец. Туристите може дури да завршат во затвор до 12 месеци, во зависност од вистинската вредност на копираната ставка. Ако оригиналот е поскап од 250.000 евра, тогаш посетителот на оваа земја може да заврши во затвор до пет години.

(В.А.)

Нови вести

Алексовски призна дека лобирал за судии под директива на ВМРО-ДПМНЕ

Filip

Камчев нуди дуќан во центарот на Скопје и фабрика во Делчево да му го вратат пасошот

Filip

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Filip