January 28, 2020 01:21
Хроника

Со мотоцикл прегазил двајца пешаци во Неготино

Двајца пешаци биле тешко повредени откако биле прегазени од несовесен моторџија, вчера во Неготино.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 19.25 часот на улицата Маршал Тито.

Б.М.(24) од Неготино, управувајќи мотоцикл „кавасаки 300“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во неговите сограѓани А.М.(52) и С.А.(51).

Од ударот двајцата пешаци биле тешко повредени по што биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од ПС Неготино.

Нови вести

Гори куќа во Ѓорче

Igor

Бегале со џип од рација во Грчец, па оставиле „калашников“ и два пиштола

Igor

Скопјанка пронајдена мртва во водите на Вардар

Igor