December 4, 2022 19:04
Живот

Со лажни лајкови, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци сака да стане маж на годината !

Откако Митко Јанчев се рекламираше и собираше лајкови за да стане Маж на Годината, организацијата која избира се огради од ваквиот начин на собирање лајкови.

Интегрално го пренесуваме соопштението на “Мажи на годината”

Како што веќе сите знаете официјалниот избор на „Мажи на годината“ кој се одржува 5та година по ред кај нас, е настан кој има за цел да ги награди најуспешните мажи во 13 категории. Една од тие награди е и наградата за „Маж на годината според социјалните медиуми“, во која сте вклучени буквално сите вие, да номинирате свој кандидат односно кандидат кој според вас заслужува да ја понесе оваа награда, и да се вклучите буквално сите во транспарентно гласање, односно секој да гласа за својот фаворит.
Како и за секоја категорија, така и за оваа, постојат правила кои се секогаш јасно истакнати, и истите доколку не се почитуваат ќе следи дисквалификација на номинираните.
Токму затоа, бидејќи речиси кај секој од кандидатите, со исклучок на поединци, беа констатирани нерегуларности, каде преку ноќ, во само неколку часа, се собираа лајкови од Турција, Мексико, Кина, Индија, Палестина, преку таканаречени скрипти кои ги користат.
За таа цел сакаме да ја информираме јавноста дека се оградуваме од сите нерегуларности и нема да го земеме во предвид овој начин на гласање. По разгледување на сите фактори оваа награда повторно ќе ја додели нашата жири комисија која одлучува и за останатите награди од изборот на Мажи на годината за 2022 година.
Ние секогаш се заложуваме за фер избор така ќе остане и понатаму.
Голема благодарност до сите кои дадоа свој придонес во гласањето., велат од “Мажи на годината”.