December 9, 2021 02:57
Економија Македонија

Со искуства и поддршка од Шведска ДЗС ќе работи на зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци

Подобрување на ефикасноста на процесот, опсегот и квалитетот на статистичкото производство, како и на комуникацијата и координирањето на националниот статистички систем и управувањето со човекови ресурси, е целта на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија” на кој Државниот завод за статистика работи со Шведскиот завод за статистика.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на означувањето на официјалниот старт на проектот, ја истакна важноста од употребата на официјалните статистички податоци, особено во насока на носење на одлуки базирани на точни и релевантни податоци.

– Овогодинешното мото на Европскиот ден на статистиката е „статистиката – вакцина за заштита на демократијата и справување со вирусот на дезинформации” и веруваме дека денешниот настан ќе придонесе за зголемување на официјалната статистика во носењето одлуки базирани на факти, наместо на дезинформации, изјави Симовски.

Проектот, посочи Симовски, е од октомври 2020 година, но бил одложен поради Ковид-19 пандемијата и потоа за потребата од спроведување на пописот.

– Проектот се однесува на зголемување и натамошно развивање на институционалниот капацитет и знаење на Државниот завод за статистика. Тој не се фокусира само на статистичко производство, туку е поделен во четири компоненти – подобрување на ефикасноста на процесот, подобрување на опсегот и квалитетот на статистичкото производство, подобрена комуникацијата и координирањето на националниот статистички систем и подобрена ефикасност на управувањето со човекови ресурси, изјави Симовски.

Очекуваме многу, посочи Симовски, но и подготвени сме да дадеме многу, бидејќи само со заедничко соочување со предизвиците може да очекуваме заедничко постигнување на резултатите.

Директорот на Шведскиот завод за статистика Јоаким Стимн, посочи дека шведската статистика има над 40-годишна соработка со земји од светот и веќе 20 години во регионот на Западен Балкан.

– Нашето партнерство е во насока ние да работиме рамо до рамо со вас на институционално ниво, а не само во насока на решавање на вашите проблеми, туку и ние ќе учиме од вас, изјави Стимн.

Официјалната статистика, посочи тој, има централна улога во демократските општества, бидејќи е основа за добро информирани граѓани кои бараат одговорност од властите, но и за соодветен развој, економија, истражувања и иновации и во јавниот и приватниот сектор.

– Заедно можеме да направиме многу за граѓаните и јас сум убеден дека проектот ќе придонесе за подобрување на општествениот, економскиот и еколошкиот развој на Северна Македонија и ќе има улога како интегрална компонента во процесот на евроинтеграции, изјави Стимн.

Амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, рече дека овој проект има за цел да помогне во постигнување на целите за членство на ЕУ и успешно затворање на Поглавјето 18 – Статистика од преговорите со ЕУ.

– Пристапот до релевантни статистички податоци е особено важен за владите и институциите да носат соодветни и навремени одлуки, изјави Форсгрен Бенгтсон.

Шведска, посочи Форсгрен Бенгтсон, од пред две недели има нова реформирана стратегија за Западен Балкан 2021-2027 за јакнење на демократијата, владеење на правото, цивилниот сектор и зелената агенда, што ја покажува посветеност на приближување на регионалниот кон ЕУ.

Гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежоска, на отворањето рече дека статистичарите во изминатите години беа предизвикани не само од пандемијата, туку и зголемената дигитализација.

– Статистиката игра клучна улога во зачувувањето на вредноста на податоците. Во новата ера, кога имаме отворен пристап до повеќе извори на информации, не е доволно официјалните статистички податоци да се дисеминираат поефективно, туку е потребно пошироката јавност да ги прифати, разбере и да има доверба во нив, изјави Ангеловска Бежоска.

Висококвалитетната и сигурна статистика, посочи Ангеловска Бежоска, е главното оружје против дезинформациите и лажните вести.

– Како ние како произведувачи на статистички податоци можеме да придонесеме во овој поглед. Се чини дека соодветното пренесување на нашите податоци во јавноста може да помогне да се истакнат статистичките податоци со низок квалитет. Треба да размислиме како да ги приближиме до јавноста статистичките производи од нашата работа. Точно е дека ние како централни банки на јавноста и доставуваме огромно портфолио на статистички податоци со многу димензии, мета податоци и јавни објаснувања, меѓутоа податоците или објаснувањата може да немаат ефект доколку не стигнуваат до јавноста и не влијаат врз нивните одлуки, изјави Ангеловска Бежоска.

Според некои проценки до 2025, посочи Ангеловска Бежоска, глобално ќе се создаваат 463 ексабајти податоци секој ден.

– Ова значи генерирање огромен број податоци, што може да ги замати официјалните статистички податоци со што на луѓето ќе им се отежне процесот на нивно читање и разбирање. НБРМ во таа насока ја препознава важноста на комуникацијата и се вклучува во многубројни активности во таа област, изјави Ангеловска Бежоска.

Во рамки на промоцијата на проектот предвидено е и панел-дискусија на која ќе земат учество двајцата директори Симовски и Стимн, како и Бојан Кардалов, комуниколог, Билјана Дуковска од Платформата за справување со сиромаштијата и Џабир Дерала од Цивил Медија.

Проектот е финансиран од шведската Меѓународна агенција за развој и соработка (СИДА).

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch My Hero Academia (Dub) Episode 12

animes online AniWatch The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

watch anime Attack on Titan Final Season

watch animes One Piece (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 10