Свет

Со дрон нападната база на коалициските сили во Ирак

Напад со дрон е извршен синоќа врз коалициските сили предводени од САД во близина на аеродромот во курдската област Ирбил, во северниот дел на Ирак, соопштија локалните власти.

Министерството за внатрешни работи во Ирбил соопшти дека мета на нападот била базата на коалициските сили во близина на меѓународниот аеродром во курдската област. Бил предизвикан и пожар кој оштетил една зграда, но немало повредени.

Портпаролот на коалициските сили, полковник Вејн Марото изјави дека беспилотното летало паднало врз хангар, кој се користел како магацин во военовоздухопловната база во Ирбил.

– Пожарот е изгаснат и се проценува штетата, истакна Марото.

AniWatch anime websites: Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12

AnimeFreak kiss anime freak: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12