June 14, 2021 06:59
Македонија

Со дигиталните учебници ќе се зголеми времето поминато во училиште

Реформата не е само замена на хартиените учебници со електронски, ниту пак дигиталните учебници значат премногу седење и читање од компјутер, одговараат од Министерството за образование на критиките.

-Прво се зголемува времето поминато на училиште, имајќи предвид дека нашите ученици минуваат 900 часови помалку на училиште отколку учениците од развиените земји. Идејата е децата да ја совладуваат наставната материја во училница, преку интеракција со наставниците, а помалку да работат дома со родителите, додека учебниците треба да им послужат само за потсетување на веќе поминатата материја.
Второ, согласно концептот за изработка на учебници и дидактички материјали, новите материјали за учење треба да наметнат учење со разбирање наместо фактографско учење. Тоа значи дека содржината се намалува, а се посветува внимание на квалитетот и на податоци и факти кои се лесни за помнење и применливи во секојдневието. Така што, нема да треба многу листање на учебниците и неколку пати враќање наназад за да се научи тоа што се чита. Учениците полесно ќе учат а со тоа и помалку време ќе треба да поминуваат во учење.
Трето, новите генерации растат во дигиталната ера на ИТ технологијата која е составен дел од животите на најголем дел од нив. Така што користењето на таа технологија за учење, стекнување на навики кај децата истата да ја користата за пребарување, истражување и улење е всушност многу голема придобивка и градење на добар однос со технологогјата и интернетот. Всушност, оваа учебна година учебниците се достапни во електронска верзија токму на барање на учениците.

4Anime persona 4 the animation free: My Hero Academia 3 Episode 25

AnimeHeaven attack on titan anime heaven: Dragon Ball Super (Dub) Episode 131