August 2, 2021 21:06
Македонија

Со вакцинација против Ковид колективен имунитет до крајот на летово

Здравствените власти сметаат дека до крајот на летото во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет на Ковид-19.  Дотогаш, како што изјави вчера ресорниот министер Венко Филипче, би можеле да бидат вакцинирани околу 600 илјади граѓани, што е 50 проценти од популацијата планирана за вацинација.

Податоците што ги објави вчера Министерството за здравство за претходните 24 часа покажуваат дека продолжува трендот со мал број заразени со коронавирусот. Од направени 2.952 тестирања се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица, а регистрирани се 31 оздравен пациент. Во државава сега се активни 225 случаи со Ковид-19, а од почетокот на епидемијата со вирусот се заразиле  155.640 лица.

– Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Се уште, како што вели, не се знае како ќе влијаат мутациите на коронавирусот, но искуствата од другите држави, вклучувајќи ја и Кина, покажуваат оти вакцините се многу важен фактор во борбата против пандемијата и дека спречуваат тешки форми на болеста.

Министерот за здравство посочи дека со оглед на тоа што до крајот на месецов ќе стасаат 500 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак”, како и поголеми дози вакцини „Фајзер” ќе може да се вакцинираат по 15 до 20 илјади граѓани на ден. Вакцините  следниот понеделник ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација, најави Филипче кој вчера прими две донации, едната од 2.313.000 денари за медицинска опрема од Амбасадата на Народна Република Кина и една од 100 илјади долари за борба против Ковид-19 од Друштвото на Црвениот крст на Кина.

Во земјава досега се вакцинирани над 278 илјади граѓани. Вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани. Како што соопшти Министерството за здравство, 50 проценти од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Според МЗ, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 456.607 граѓани.

Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР вчера предупреди дека многу од лицата без државјанство во светот може да не добијат вакцина како резултат на немањето државјанство или доказ за својот идентитет.

Според шефицата за Меѓународна заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс, постојат милиони лица во светот за кои се знае дека се без државјанство.– Ова има страшно штетни влијанија врз нивните основни човекови права, а сега тие исто така може да бидат исклучени од пристапот до вакцините што спасуваат животи, вели Тригс.

Во последниот извештај за влијанието на КОВИД-19 врз популациите без државјанство, Агенцијата забележува дека мнозинството национални планови за имунизација не обезбедуваат јаснотија околу покривањето на лицата без државјанство. УНХЦР предупредува дека многу лица кои немаат државјанство или лични документи ќе бидат исклучени доколку државите не направат особени напори да стигнат до нив и да ги премостат специфичните предизвици со кои овие лица редовно се соочуваат.

Во светски рамки, бројот на починати од Ковид-19 во САД се намали на помалку од 300 дневно, првпат од март 2020 година, јавија од Центрите за контрола на болести (ЦДЦ).  Досега 150 милиони Американци се целосно вакцинирани, или околу 45 отсто од вкупното население на земјата. Повеќе од 53 отсто од Американците примиле барем една доза, но експертите се разочарани бидејќи темпото на вакцинација во САД се намалува, односно останатите 47 проценти од вкупното население сѐ помалку сакаат да се вакцинираат.

Владата на Косово усвои нови анти-ковид мерки, со кои, меѓу другото, се дозволува одржување свадби и други семејни прослави, како и матурски вечери, со одредни ограничувања.

Во Турција, пак, вчера почна третата фаза од испитувањето на вакцината против Ковид-19, што треба да биде достапна за употреба до крајот на годината.

– Не е познато колку ќе трае ова болест и колку мутации ќе има. Од пресудно значење е да имаме своја вакцина против оваа болест, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на вакцинацијата на првиот доброволец во третата фаза од испитување на турската вакцина против Ковид-19. Ердоган турската вакцина ја нарече Турковак.

Досега во Грција се аплицирани над 7,5 милиони дози од вакцините, од кои над 4,5 милиони или 43 проценти од населението ја примиле првата доза, а три милиони, односно 31 отсто се целосно вакцинирани. Врз основа на најавените достави на вакцините и ако продолжи одѕивот на граѓаните, изводливо е постигнување на целта во текот на летото да биде вакцинирано 75 отсто од населението.

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Sailor Moon R Episode 43

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Sengoku Collection Episode 26

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Wanna-Be's Episode Full

KissAnime Bcmoney-mobiletv: http://bcmoney-mobiletv.com/kissanimemx