April 11, 2021 11:35
Свет

Со бразилската мутација може повторно да се заразат до 60 проценти од поранешните пациенти

Најмалку шест од 10 лица кои прележале коронавирус се ранливи на бразилската мутација П1, покажа истражувањето на градот Манаус, во државата Сао Паоло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор”.

Истражувањата ја покажаа „шокантната брзина” со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло изјави дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата кои биле создадени за време на првата инфекција со коронавирусот не делуваат против мутацијата П1.

– Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале Ковид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти, рече Сабино.

Assassination Classroom (Dub) Episode 22 at AniWatch anime

Fire Force Season 2 (Dub) (https://4anime.biz/m/Dpwq) Episode 20 at website https://4anime.biz 4anime is it safe