Македонија

Сојузот на средношколци испрати предупредување до Заев и Царовска за непочитување на договорoт за државната матура

Сојузот на средношколци денеска испрати предупредување до претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска за непочитување на постигнатиот договор за државната матура. Предупредувањето е испратено и до
директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска.

Од Сојузот наведуваат дека се загрижени за спроведувањето на договорот постигнат за државната матура во учебната 2020/21 година. Од таму наведуваат дека матурантите го информирале Сојузот дека одредени професори од некои средни училишта изјавиле дека нема да почитуваат одредени точки во договорот.Според договорот постигнат меѓу Сојзуот на средношколци Владата за државната матура, „училиштата се должни да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања, најдоцна три недели пред денот на испитот. Истите да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања“.
Оваа точка на договорот е флагрантно прекршена од некои средни училишта во земјата, велат од Сојузот.

AnimeDao animedao tower of god: Watch High-Rise Invasion Episode 9

AniWatch anime sites: Watch Naruto (Dub) Episode 205 (https://aniwatch.pro/m/7rv/ep-205)