June 25, 2022 22:07
Свет

Сојузот на левицата се жали на пречки при регистрацијата на кандидатите за парламентарните избори во Франција

Жан-Лук Меланшон се закани дека ќе поднесе жалба до Државниот совет бидејќи Новиот народен еколошки и социјален сојуз (Нупес), што произлегува од договорот меѓу Бунтовна Франција, Социјалистичката партија, Европа екологија зелени и Комунистичката партија, не е признаен од Министерството за внатрешни работи при поднесувањето на кандидатурите за пратеници, јави дописникот на МИА.

Жан-Лук Меланшон, кој се надева дека овој нов сојуз на левицата ќе му овозможи да стане премиер, ја критикуваше новата политичка шема на бои на Министерството за внатрешни работи за изборите на 12 и 19 јуни, која не го зема во предвид Нупес при уписите на кандидатите во префектурата. Тој го осуди „системот на трајна измама” од страна на „макронијата”, со цел „да може, вечерта на првиот круг, да го намали пробивот што ќе го направи сојузот на левцата”.

-Ќе интервенираме во Државниот совет по скратена постапка за да побараме да нè признаат дека постоиме, рече Меланшон.

Во соопштението за печатот, Нупес изрази жалење што „макронистичкиот табор одлучил посебно да ги преброи одвоено гласовите собрани од кандидатите од ЛФИ, ЕЕЛВм СП и КПФ.”

„Сепак, сите ја делат истата програма и се претставуваат пред гласачите под исто знаме”, инсистира Нупес, кој „свечено го повикува Министерството за внатрешни работи да се откаже од работењето на изборно манипулирање”.

Tải go88 apk ios về ip - Android Game bài đại gia

SUNWIN - Game bài SUN WIN số 1 thị trường Châu Á 2022