September 17, 2021 23:55
Балкан

Составот за новата бугарска влада одложен за идната недела

Иако беше најавено дека составот на идната бугарска влада ќе биде објавен до крајот на оваа недела, тој чин е одложен за идната седмица. Ивајло Валчев од партијата „Има таков народ“ која победи на последните парламентарни избори денеска изјави дека разговорите меѓу потенцијалните партнери се во тек и дека сега се водат на ниво на експерти, по одделни програмски целини.

-Ние се уште не сме го добиле мандатот, па разбирливо е дека не сме ниту во можност да објавување имиња. Тогаш кога ќе ни биде врачен мандатот, тогаш и ќе го дознаете името на премиерот, изјави Валчев, пратеникот на ИТН во бугарскиот парламент.

Претседателот на „Демократска Бугарија“ вели дека се разговара за кадровскиот состав на идната влада.

-Важно е да знаете каква е нивната биографија, која им е визијата, дали можат да ги исполнат обврските. И, се разбира, треба да е јасно која политичка конфигурација ќе застане зад тој владин тим во парламентот, вели Христо Иванов, лидерот на ДБ.

Техничкиот премиер Стефан Јанев очекува да биде постигнат коалициски договор со јасни правила за тоа кој ги носи одлуките и каква е одговорноста на политичките субјекти кои ќе ја поддржуваат владата.

Website https://animekisa.in: Watch Tanaka-kun is Always Listless animekisa Episode 7 watch anime

AnimeTV: Baka & Test - Summon the Beasts OVA anime episode 2 online free at https://animetv.cc anime tv shows on netflix

4Anime: Youjo Senki Movie: Manner Eizou anime episode Full online free at https://4anime.biz free anime

Website https://animebee.to: Watch Sengoku Collection animebee Episode 26 watch animes

Ttytdp soytedienbien: http://ttytdp.soytedienbien.gov.vn/portal/Lists/Faq/DispForm.aspx?ID=1798

Blackmod: https://blackmod.net/members/418854/#about