September 25, 2020 15:20
Хроника

Соседите на убиената гостиварка во шок, сопругот-убиец во бегство

Шеесетгодишната гостиварка Џ.И. утрово е најдена мртва во семејниот дом со повеќе рани од остар предмет. Осомничен е сопругот, 67-годишниот Б.И. по кој полицијата трага.

Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.

Од СВР Тетово информираа дека В.И. (30), син на починатата, утрово околу 06:40 часот пријавил дека на креветот во спалната соба ја пронашол неговата мајка без знаци на живот и со повреди по телото. По пријавата, екипа од полициски службеници и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар извршиле увид, во координација со екипа на крим техника од МВР.

Засега не е познато што довело до трагедијата, но неофицијално станува збор за расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Во меѓувреме еден од соседите за МИА изјави дека, осомничениот, непосредно по настанот побегнал и дека се јавил во полиција. Тој рекол дека наскоро ќе дојде да се пријави. Од СВР Тетово не можеа да ги потврдат овие наводи и самопосочија дека осомничениот по извршеното кривично дело е недостапен и се спроведуваат активности за негово обезбедување.

Издадени се наредби за обезбедување и прибирање на траги за натамошно вештачење и за обдуција на телото.

Поврзани вести

Огнен Неделковски: Кога син ми ќе направи песна што не ми се допаѓа му велам дека јас сум само обичен текстописец

Valentina

Шема директор на ПИОМ, Колемишевски на Пошта

Filip

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Igor