September 29, 2020 15:29
Свет

Соработник на Џулијани тврди дека Трамп се обидел да влијае на Украина

Близок пријател на Руди Џулијани, поранешниот градоначалник на Њујорк и личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, тврди дека Трамп бил директно вмешан во обидот да влијае на Украина за да го истражи демократскиот ривал Џо Бајден.

Лев Парнас рече дека во мај, на барање на Џулијани, тој му дал ултиматум на идниот претседател на Украина дека ниту еден висок американски функционер нема да присуствува на неговата инаугурација и дека основната американска безбедносна помош ќе биде намалена ако не биде најавена истрага за Бајден. Според него, Трамп бил запознат со напорите на Џулијани да се дојде до истрагата и редовно бил информиран за тоа што се случува.

Трамп негираше дека го познава Парнас, и покрај бројните фотографии на кои е со него. „Сум запознал илјадници и илјадници луѓе како претседател и направив илјадници фотографии“, рече Трамп.