October 23, 2021 00:32
Скопје

Соработка меѓу младите од Карпош и Аминтио

Настанот „Градење Европа дома“ беше причина за да се оствари поконкретна соработка помеѓу општина Карпош и општина Аминтио (Лерин, Флорина, Грција).

Имено, повеќе локални чинители од Карпош, како граѓански организации, општински службеници, културни установи, средношколци, спортски клубови и уметнички друштва, претставници од градинки и основни училишта беа во еднодневна посета на Аминтио.

Основна цел на овој проект е да овозможи вмрежување меѓу младите, но и меѓу сите други релевантни чинители кои беа дел од размената. Да се увидат сличностите и разликите меѓу двете општини и да се најдат заеднички точки за соработка.

Советничката од општина Карпош, Билјана Костова говореше за карактеристиките на Карпош, како една од најурбаните и најразвиените општини во нашата земја. Таа ги истакна актуелните проекти на локалната самоуправа и областите на делување: животна средина, локален економски развој, култура, спорт и сл.

Присутните млади констатираа дека новите генерации се тие кои ги рушат бариерите кои претходно биле поставени. Само преку соработка и взаемна комуникација можат Северна Македонија и Грција да чекорат напред. Во претстојниот период, општините Карпош и Аминтио ќе продолжат со соработката, која треба да се насочи во одредени области, ставајќи акцент на културата и образованието.

Оваа размена беше дел од проектот „Градење на Европа Дома“, поддржан од програмата „Европа за граѓаните” на Европска Комисија, кој е резултат на соработката помеѓу „Младински сојуз“  и „Асоцијација на активни млади во Лерин (Флорина)”.

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime: Fireworks, Should We See It from the Side or the Bottom? (Dub) anime episode Full online free at https://gogoanime.be weathering with you gogoanime

Website https://twistmoe.net: Watch The Galaxy Railways: A Letter from the Abandoned Planet twistmoe Episode 4 stream anime online

Zzb: https://zzb.bz/FbeRO

Logobids: https://www.logobids.com/users/gogoanimebe