October 15, 2019 23:49
Македонија

Сопругата на Пендаровски на одбележувањето на светскиот ден на Алцхајмерова болест

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше и се обрати на одбележувањето на меѓународниот ден на Алцхајмеровата болест, 21 септември.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека како и на светско ниво, така и кај нас се повеќе се зголемува бројот на болни од Алцхајмерова болест, најмногу поради фактот што е продолжен животниот век на населението. Според податоците од Светската здравствена организација, како што подвлече сопругата на претседателот на државата, Ѓоргиевска, се смета дека кај нас има околу 20 илјади заболени лица, но само 20% од нив се дијагностицирани и добиваат соодветен третман.

„Апел и да се формираат повеќе телефонски линии за поддршка, можеби формирање на невладини организации или конечно да се направи национален референтен центар каде што би се поставувала рана дијагноза, одреден правилен третман. И во крајна линија да се изработи и да се имплементира национална стратегија за Алцхајмерова болест којашто всушност би водела кон решавање на овој проблем”, истакна сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Истовремено, сопругата на претседателот, Ѓоргиевска апелираше да се зголеми јавната и професионалната свест за болеста, којашто се смета за епидемија на 21 век. На тој начин, како што истакна Ѓоргиевска, ќе се подобри грижата за болните, како и социјалната поддршка и реинтеграција на болните и нивните семејства во општеството.

 

Нови вести

Лукаревска во Кичево: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

Igor

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа Пендаровски

Igor

Спасовски во Кичево: Продолжуваме со концептот парите назад кај граѓаните, следува намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Igor