February 3, 2023 11:33
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози, врнежи од снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има на Стража, Маврово, Струга, Македонски Брод и Пресека, а од слаб снег само на Попова Шапка, информира АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.