February 23, 2019 08:26
Хроника

Сообраќајка на влезот во Скопје предизвика километарска колона

Утрово околу 10 часот на булевар Александар Македонски, после железничкиот надвозник на влезот во Скопје, се случила сообраќајна незгода којашто предизвика голем застој на возилата на автопатот.

Во сообраќајката учествувале три возила, „фолксваген поло“, „БМВ“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а засега се’ уште нема информации за повредени лица.

Related posts

Полесно повредени 16 лица во сообраќајки во Скопје

24news

Кривична за извршител кој незаконски продал имот на должник

Igor

Ауди се заби во трактор – две лица повредени

24news