December 6, 2022 01:01
Македонија

Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку ден претежно сончево, a на североистокот со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 8 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.