November 27, 2020 23:36
Македонија

Сончево со мала локална облачност и температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

До сабота, како што соопшти УХМР, ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со
повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.